Дома Македонски спорт Мак ракомет Дисингер: Македонците се луди по ракомет

Дисингер: Македонците се луди по ракомет

Германецот од редовите на Вардар, Кристијан Дисингер во интервју за „(Un)informed Handball Hour“ зборуваше за ситуацијата таборот на црвено-црните.

Дисингер го кажа она што на веќе на сите ни е јасно, финансиската ситуација не е добра. Меѓутоа како и во изјавата од пред неколку дена популарниот „Диско“ потврдува дека ќе остане во Вардар до крајот на сезоната.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Финансиската ситуација не е добра, но јас на раководството му соопштив дека сигурно останувам до крајот на сезоната. Имав понуди од силни клубови, меѓутоа не сакав да си заминам и да го ставам Вардар во уште полоша ситуација затоа донесов одлука да бидам тука до крајот на сезоната’.

Потоа Дисингер истакна дека кога финансиите би биле во ред Вардар е најдобриот клуб за секој ракометар, едноставно има се.

„Доколку ги немаше финансиските проблеми, Вардар е совршен клуб за секој ракометар. Не сум видел друг тим кој има се на едно место, на сето тоа тука се и навивачите кои се луди по ракомет затоа што овој спорт е број 1 во државата“, зборува Дисингер во интервјуто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…