Дома Македонски спорт Мак ракомет Дисингер за деби ќе почека, Парондо не може да смета на него за натпреварот против Киелце

Дисингер за деби ќе почека, Парондо не може да смета на него за натпреварот против Киелце

0

Tимот на Вардар денес го потврди она што беше најавено и претходно – нов член на четата на Парондо стана Германецот, Кристијан Дисингер.

Дисингер неодамна го раскина договорот со германски Кил и со црвено-црните потпиша договор на две години.

Сепак тој нема да биде на располагање на Парондо за натпреварот против Киелце и на него Шпанецот ќе може да смета од шестото коло, поради правилата за регистрација на играчи.

Имено, за еден играч да може да настапув во Лигата на шампионите во првите пет кола мора да биде пријавен пред 11-ти септември.

Парондо на Дисингер кој е првиот Германец кој игра за Вардар ќе може да смета за натпреварот од 6-тото коло против Мешков Брест кога црвно-црните на 3-ти ноември ќе играат на домашен терен

За Вардар е добро што Кил поради лошиот пласман во Бундес лигата не избори учество во Лигата на шампионите, доколку тоа се случеше Германецот ќе немаше право за настап за уште еден клуб во истото натпреварување, во иста сезона.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Официјално: Вардар доведе конкуренција на Дибиров

Младиот репрезентативец на Македонија, Димитар Димитриоски (21) од денес е нов ракметар на…