Дома Фудбал Италија Директорот на Јувентус на полувремето со Верона се симнал кај судиите, Серија А го казни

Директорот на Јувентус на полувремето со Верона се симнал кај судиите, Серија А го казни

Фудбалерите на Јувентус изминатиот викенд ремизираа на свој терен против Верона (1:1) во рамките од 5. коло во Серија А.

Верона имаше предност во овој натпревар, но Јувентус успеа да дојде до изнедначување, а во финишот од натпреварот фудбалерите на „старата дама“ пропуштија неколку добри прилики и да дојдат до целосен пресврт.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


После натпреварот е објавено дека во Јувентус имале големи замерки за судењето во овој натпревар. Директорот на „старата дама“ Фабио Партичи на полувремето дури и се симнал во соблекувалната на судиите.

Партичи жестоко го критикувал главниот судија и неговите помошници. Судиите тоа не го испуштиле и го завеле во извештајот по натпреварот.

Дисциплинската комисија на денешната седница одлучи да го казни Партичи со 15.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нова авантура за Меси и Суарез: Основаа нов клуб во Уругвај

Лионел Меси и Луис Суарез, актуелни фудбалери од Интер Мајами, започнаа ново поглавје во н…