Дома Фудбал Диего Коста прифати 6-месечна затворска казна

Диего Коста прифати 6-месечна затворска казна

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста како и многу други познати фудбалери беше обвинет за затајување на данок, а денес ја призна вината.

Коста беше обвинет од страна на шпанските власти дека затаил данок во висина од 1,1  милион евра, а за да избегне судски процес, денес напаѓачот се изјасни како виновен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Коста одлучи да ја прифати казната затвор од 6 месеци, која ќе може да се замени со парична, па напаѓачот ќе ја плати казната.

Наместо шест месеци позади решетки фудбалерот ќе плати 600.000 евра, а тоа е сума која тој ја заработува за неколку недели.

Потсетуваме, порано шпанскиот суд ги осуди Лео Меси, Кристиано Роналдо, Жозе Мурињо…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа веќе добива критики: Тој е таму само поради Мурињо!

Алваро Арбелоа сè уште не седнал на клупата на Реал Мадрид на официјална средба, а веќе е …