Дома Фудбал Италија Дибала го покани Погба во Јувентус: Се надевам дека повторно ќе играме заедно

Дибала го покани Погба во Јувентус: Се надевам дека повторно ќе играме заедно

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала се надева дека еден ден повторно ќе игра заедно со неговиот пријател Пол Погба.

Двајцата имаа одлична соработка во Јувентус пред Французинот да биде продаден во 2016 година, и останаа во одлични односи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Пол е фантастичен играч и одличен човек и искрено би сакал повторно да бидеме соиграчи. Секој клуб би посакал да има таков играч, но не сум сигурен дека желбата ќе ми се исполни“ вели Дибала.

Дибала има голема колекција на фудбалски дресови, а дресот на Погба има важно место во неговата колекција.

„Не можам да се свртам, а да не помислам на размената со Погба. Дресот доаѓа од Манчестер, од мојот пријател Пол кој многу го почитувам како личност, многу повеќе отколку како фудбалер“, истакна Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе: Се надевам дека еден ден ќе бидам инспирација како Кристијано Роналдо

Во текот на репрезентативната пауза, Килијан Мбапе направи големо интервју со Хорхе Валдан…