Дома Фудбал Италија Де Лихт по елиминацијата потврди: Морам да одам на операција

Де Лихт по елиминацијата потврди: Морам да одам на операција

Maтијас Де Лихт потврди дека ќе мора да оди на операција на рамото поради повредата која ја влече од есента.

Холанѓанецот беше принуден да игра под инекции во завршницата од сезоната и бидејќи Јувентус испадна од Лион за него оваа сезона е завршена.

Де Лихт после натпреварот против Лион потврди дека сега следи одмор и пауза за операција.

„Сега морам на операција на рамото. Тоа е нешто што го одложував, но мора да биде направено и сега мора да биде во мојот фокус. Разочаран сум што не поминавме понатаму, сега морам да се посветам на опоравувањето и она што следи“, изјави Де Лихт.

Јувентус новата сезона во Серија А ќе ја започне на 19 септември кога стартува Серија А и засега не се знае дали Де Лихт ќе биде спремен да истрча на терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид после натпреварот против Бетис доби нов грб 📷

На синоќешниот натпревар помеѓу Бетис и Реал Мадрид имаше многу контроверзни одлуки на суд…