Матијас Де Лихт имаше прилично турбулентен старт на авантурата во Јувентус. На Холанѓанецот му требаше некое време да се навикне на новата средина.
По доаѓањето во Италија, Де Лихт ја воочи големата разлика во однос на холандската Ередивизија, но и немаше многу среќа бидејќи неколку пати играше со рака во шеснаесетникот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Лихт сега зборуваше за тој краток период.
„Соиграчите ми зборуваа дека тоа е неверојатно, како да имам магнет во раката. Мојата лоша среќа најдобро ја објаснува пеналот кој го направив против Германија. Топката тапна и наеднаш заврши во мојата рака. Кога ќе направам грешка и играм со рака, не сум некој кој се лути за тоа, прифаќам шеги на мои сметка какви и што имаше“.
Потоа Де Лихт објасни како е да се биде соиграч и со Џорџо Киелини (Јувентус) и со Вирџил Ван Дајк (Холандија).
„Се обидувам да научам нешто од нив да го применам во мојата игра, но не сакам да го менувам мојот стил на игра. Секој играч има сопствен стил, меѓутоа можам да учам како да бидам подобар“, објасни младиот стопер.