Италијанскиот стратег Карло Анчелоти не се задржа долго во Наполи од каде што неодамна доби отказ и сега е пред враќање во Премиер лигата.
Анчелоти доби отказ после победата против Генк и обезбедувањето осминафинале во Лигата на шампионите, а набрзо потоа Џенаро Гатузо беше назначен за негов наследник. Гатузо веќе дебитираше во Серија А и тоа го направи со пораз од Парма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега првиот човек на Наполи откри каде се „заљубил“ во Гатузо. Тоа се случило ни помалку, ни повеќе туку баш на роденденската забава на Анчелоти.
„Со Анчелоти сум во пријателски однос и понатаму, но нас ни беше потребна промена. Со Гатузо подобро се запознав минатото лето кога Анчелоти правеше роденденска забава. Веднаш се „заљубив“ во неговите квалитети како човек и не се сомневав кога му ја дадов довебрата да го води Наполи. Верувам дека лошиот период е зад нас“, изјави Де Лаурентис.