Дома Фудбал Дејвис во Реал Мадрид? Се огласи неговиот агент и кажа како стојат работите

Дејвис во Реал Мадрид? Се огласи неговиот агент и кажа како стојат работите

Алфонсо Дејвис е еден од играчите кои се поврзуваа со трансфер во Реал Мадрид, а сега неговиот агент проговори на оваа тема и многу отворено кажа како стојат работите.

Реал Мадрид на лето сака да се засили на позицијата лев бек, а еден од играчите за кои е заинтересиран овој клуб е Алфонсо Дејвис.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Канадскиот репрезентативец е член на Баерн, но се може да се промени многу брзо и тоа да биде преку Давид Алаба.

Запрашан за ситуацијата на Дејвис, неговиот агент рече дека не одлучил ништо за иднината на Канаѓанецот.

„Имаме уште две години со Баерн. Сега бараме време да видиме како ќе се развиваат работите во следните неколку недели или месеци бидејќи во моментов не сме донеле конечна одлука за ништо, па не можам да потврдам ништо и не можам ништо да негирам.

Реал Мадрид е голем клуб. Отсекогаш сум бил фан. Реал е големо име, голем бренд, со 14 титули во Лигата на шампионите. Кога ќе слушнете гласини за интерес за играч што го застапувате, тоа ве прави горд, изјави агентот на Дејвис.

Дејвис минатата сезона играше 38 пати за Баерн и постигна три гола со осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Станишиќ во Баерн до 2029

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Јосип Станишиќ, ја продолжи верноста со клубот. Станишиќ беш…