Дома Фудбал Италија Дешамп го одби Јувентус: Ме интересира само Франција!

Дешамп го одби Јувентус: Ме интересира само Франција!

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп категорично ги демантираше шпекулациите дека може да го преземе кормилото на Јувентус ова лето.

Дешамп изјави дека е сконцентриран само на француската репрезентација и нема намера да ги напушти „петлите“ пред Европското првенство во 2020 година.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Целата моја енергира е насочена кон пласманот на Франција на Европското првенство. Потоа се надевам дека ќе одиме и на Мундијалот. Мојата иднина е поврзана со француската репрезентација, не постои никаква можност да се преселам во Јувентус или во некој друг клуб“, категоричен беше Дешамп.

Откако стана јасно дека Масимилиано Алегри ќе го напушти Јувентус, клубот е во потрага по негов заменик, а медиумите лецитираат со неколку имиња.

Последните информации од Апенините се дека во пол-позиција е Маурицио Сари, кој најверојатно ќе се раздели со Челзи после финалето во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Зидан дочека, познато каде и кога ќе биде неговиот нов ангажман!

Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на националниот тим на Франција по Светското првенст…