Англискиот шампион Челзи е на добар пат да ја засили дефанзивната линија со играч од Реал Мадрид, пренесуваат англиските медиуми.
Имено, десниот бек на „кралевите“, Данило веќе постигна договор со „сините“ и од следната сезона ќе настапува на „Стенфорд Бриџ“, пренесе добро информираниот „АС“.
Бразилецот никогаш не ги оправда во целост парите кои ги платија „кралевите“ за него и не може да се избори за голема минутажа покрај Дани Карвахал.
Поради тоа сака да ја промени средината, а тренерот на Челзи Антонио Конте смета дека би бил идеално засилување за неговата фирмација, па е спремен да плати 25 милиони евра за неговиот потпис.
Играчот веќе постигнал комплетен договор со англискиот шампион, а Реал нема да се противи на неговото заминување.