Дома Фудбал Германија Детали за судирот на Горецка и Боатенг: Левандовски прв реагирал и спречил поголем проблем

Детали за судирот на Горецка и Боатенг: Левандовски прв реагирал и спречил поголем проблем

Реномиранито „Билд“ денес објави дека на тренингот на Баерн дошло до судир помеѓу Боатенг и Леон Горецка.

Боатенг и Горецка го обележаа тренингот со својот конфликт, а клубот не успеа ова да го сокрие од јавноста. Сега се објавени детали од тензичната ситуација.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Се започнало кога Горецка се жалел за пенал на тренингот, а Томас Милер се обидел да му објасни што се случува. Тоа Горецка не го интересирало и го повишил тонот. Тогаш се вклучил Боатенг кој го предупредил да не се однесува така. Се ескалирало неколку минути подоцна кога Горецка грубо го фаулирал Боатенг.

Искусниот стопер веднаш станал и му удрил шлаканица на Горецка, тука се нашол Левандовски кој ги разделил и спречил поголем инцидент. Милер овој пат застанал на страна на Боатенг и му објаснувал на Горецка дека треба да се смири.

„Со тебе се случуваат секогаш исти глупости, мораш да се смириш“, му зборовуал Милер на Горецка кој не обрнувал многу внимание што му кажува соиграчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…