Дома Фудбал Детали за ситуацијата на Родригез: Отпишан е поради „гревот“ на 5. јули

Детали за ситуацијата на Родригез: Отпишан е поради „гревот“ на 5. јули

Колумбиецот Хамес Родригез е на излезни врати од Реал Мадрид и тој повеќе нема да игра за шампионот на Шпанија без разлика што ќе се случи вечерва на „Етихад“.

Со денови се шпекулира за новиот клуб на Родригез. Се споменуваат ПСЖ, Атлетико и Арсенал, но извесно е дека Колумбиецот повеќе нема да го облече белиот дрес во официјални натпревари. На оваа тема денес пишуваше престижниот „АС“ кој објави дека таква одлука донел Зидан уште на почетокот на јули.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Статусот на ѕвездата од Мундијалот во Бразил во 2014 година не може да се промени. Дури и ако Реал вечерва се избори за четвртфинале во реваншот против Сити Родригез нема да игра на завршниот турнир во Лисабон.

Натпреварот против Сосиедад на гости би можел да биде последна за колумбискиот играч за Реал. Во текот на целата сезона Родригез имаше променлива минутажа, но Зидан му најавил дека ќе биде во составот за натпреварот против Билбао кој се играл на 5. јули. „АС“ пишува дека Родригез тогаш го замолил Зидан да го прескокне тој натпревар. Францускиот стратег ја прифатил таа молба, меѓутоа донел одлука повеќе да не смета на него.

Супер агентот Жорж Мендеш со недели се обидува да пронајде нов клуб за Хамес Родригез меѓутоа проблем претставува платата на Колумбиецот која изнесува осум милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…