Дома Фудбал Италија Дерби на денот: Јувентус доаѓа да го освои Неапол

Дерби на денот: Јувентус доаѓа да го освои Неапол

Наполи е домаќин на Јувентус и ќе се обиде да го избегне петтиот пораз во серија на домашен терен. Јуве пак почна да се одвојува на табелата, а со победа на овој меч и тоа како ќе си ја олесни задачата до крајот на сезоната.

Коефициентот за двојка е одличен

Ако Јувентус не изгледаше толку ранлив минатата недела против Парма и ја продолжеше навиката да ја зачува својата мрежа празна, сигурно коефициентот за победа против Наполи ќе беше многу помал од 2.10. Сега коефициентот изгледа одличен, но поради истите причини треба два пати да размислиме пред да одиграме двојка и тоа против Наполи, кој се обидува да избегне петти последователен пораз на домашен терен во Серија А .

Гатузо е свесен дека Наполи е очаен


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Наполи можеби го совлада Лацио во онаа чудна игра во текот на неделата во Копа Италија, но тој меч во Купот не смее да ве залаже. Можеби и Џeнаро Гатузо уште еднаш зборуваше за тоа како Наполи ќе почне да победува ако игра како што одигра во вторникот, но Гатузо мора да да е свесен дека неговиот тим не е доволно добар. Не само што наполи не е добар, туку е очаен. Гатузо не успеа во ниту една своја намера откако го презеде тимот. Средината е во вис и не може да ги поврзе линиите. Одбраната е слаба и тешко ја пренесува топката на противничката половина, а нападот едноставно не функционира и тоа не поради себе, туку поради тоа што нема употребливи топки.

Дури и кога овие две екипи беа најголеми ривали за титулата, Јувентус имаше тенденција да победи и од таа гледна точка како можеме да веруваме дека Наполи го има она што е потребно за да го победи својот најголем непријател оваа недела?

Јувентус ќе најде начин да дојде до три бода

Миралем Пјаниќ зборуваше пред Божиќ за тоа како Јувентус ќе биде во најдобра форма во февруари и март, бидејќи играчите конечно се навикнаа на Маурицио Сари и почнаа да го пронаоѓаат тој застрашувачки ритам во себе. Верувам дека тие се скоро во својата најдобра форма ( ако се тргне на страна мечот против Парма минатата недела ). Кога Кристијано Роналдо е во форма тогаш во форма е и екипата. Средниот ред на Јуве изгледа солиден, а единствената нивна грижа е во одбраната.

Не мислам дека Наполи е доволно добар за да го искористи тоа, па дури и да биде, Јуве сепак ќе најде начин да победи. Тоа го прави екипата на Сари кога тие и не се во најдобра фаза – едноставно го наоѓаат начинот да освојат три бода.

Наш предлог:

Победа на Јувентус @ 2.10 во 1хBet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мајнц го шокираше Баерн

Мајнц со два гола на Корецот Ли Јае-Сунг, го изненади Баерн Минхен со 2-1 во дуел од герма…