Дома Фудбал Останато Дерби на денот: Белгија по заверка на првото место, Данска по изненадување

Дерби на денот: Белгија по заверка на првото место, Данска по изненадување

Белгија во Брисел ќе ја пречека Данска во последното коло од групата два во Лигата на Нации. На домаќинот доволен му е и бод за да обезбеди пласман на фајнл-фор турнирот, додека Данска од никаде доби можност со победа да заврши на првото место во групата.

На Белгија доволно и е реми

Белгија славеше над Англија и си зврши голем дел од својата задача во Лигата на Нации. Јури Тилеманс погоди за водство на Белгија, која ја дуплираше предноста преку одличниот слободен удар на Дрис Мертенс. До крајот „црвените ѓаволи“ ја држеа настрана Англија која не се изнаигра и тоа ги стави белгијците во позиција и со еден бод од овој последен меч да го задржат лидерското место.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Поразот во октомври на Вембли останува единствениот меч во кој Белгија не успеа да ги собере сите три бода во Лигата на нации, со тоа што момците на Мартинез победија на четири од нивните пет натпревари во групната фаза и имаат 12 погодоци – најмногу постигнати голови од кој било тим во сите четири лиги.

Со Мертенс, Кевин Де Брујн и Ромелу Лукаку, не е изненадување што Белгија и покрај силните противници има импресивен број на голови. Сега се фаворити за пласман во полуфиналето на Лигата на нациите, но мора да се остане непоразен против Данска. Нема сомнеж дека Белгија ќе нападне и ќе оди на победа и тоа без никакви калкулации.

Данска со неочекувана можност

Од друга страна, Данска е втора и има два бода помалку од Белгија. Тоа значи дека и тие се со шанси за пласман на лидерското место, но само со победа во Белгија. Секако тоа е голем мотив за оваа селекција која одигра одлично во групата. Имаат само еден пораз, оној од Белгија во првото коло, едно реми со Англија дома и три победи во низа – два пати над исланд и против Англија на гости со 0:1. Данците сега веруваат дека кога можеле да слават на Англија на Вембли – зошто тоа да не се повтори и во Белгија.

Пред неколку дена Данска славеше над исланд со 2:1 како генералка пред овој важен дуел за нив. Но Данска не се изнаигра премногу и двата гола ги постигна од пенал преку Ериксен, од кој едниот во 92-та минута, откако Кјатрасон донесе 1:1 за Исланд во 85-та минута.

Тоа беше суров удар за Исланд, но клучна победа за Данска, која се уште е со шанси за пласман во полуфиналето на Лигата на нации.

Можна почетна постава на Белгија:

3-4-2-1 – Куртоа; Алдервеирелд, Денајер, Вертонген; Фокет, Прает, Тилеманс, Азар; Мертенс, Де Бруин; Лукаку

Можна почетна постава на Данска:

4-3-2-1 – Ронау; Кристенсен, Кјаер, Вестергард, Вас; Делејни, Јенсен, Ларсен; Ериксен, Брајтвајт; Поулсен

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…