Дома Фудбал Останато Дерби во Австралија: Нашиот Рокдејл Илинден го декласираше „грчкиот“ Сиднеј за финале!

Дерби во Австралија: Нашиот Рокдејл Илинден го декласираше „грчкиот“ Сиднеј за финале!

Рокдејл Илинден утрово со убедливи 3:0 го победи „грчкиот“ Сиднеј Олимпик.

Од добро познати причини во Австралија ова беше посебен меч. Рокдејл Илинден на задоволство на македонската зедница доминираше во текот на целиот натпревар и на крајот славеше убедлива победа.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Ова беше полуфинале од НПЛ и со овој триумф Рокдејл Илинден се пласираше во финалето.

Ќе потсетиме неодамна Рокдејл Илинден стана шампион на Нов Јужен Велс. Влегувањето во австралиската Суперлига не е можно затоа што таму нема влегување и испаѓање и место може да се обезбеди само со посебна покана.

Ако не се сте запознаени Рокдејл Илинден е клуб формиран уште во 1969 од македонската дијаспора во Австралија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Објавија каде Барселона ќе го пречека Пари Сен Жермен

Барселона ќе го пречека Пари Сен Жермен на стадионот „Луис Компанис“ на ридот Монтжуик, об…