Дербито на Чаир помеѓу Шкупи и Шкендија заврши без победник (1:1), но со многу возбудувања.
Гостите дојдоа до предност во 70-тата минута со погодокот на Гури. Големата радост на домашните фанови дојде по израмнувачкиот погодок во 88-та после една мајсторија на Алварез.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шкупи е на чело на табелата со 7 бода повеќе од А. Пандев, односно 8 пред шампионот Шкендија.
Работнички славеше против Брегалница со 2:1, Борец ја продолжи црната серија на Пелистер совладувајќи го во Битола со 3:1. Ренова и Тиквеш ги поделија бодовите играјќи 1:1.
Фото: ФК Шкендија