Холандскиот фудбалер Стивен Бергвајн би можел на крајот од сезоната да го напушти Тотенхем и да се пресели во Милан кој според информациите на „Газета дело Спорт“ е заинтересиран да го доведе, а „петлите“ веќе размислуваат за негова замена.




Денес се појави информација која вели дека Тотенхем како замена за Бергвајн размислува да го доведе Мемфис Депај од Барселона.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Депај не се снајде најдобро од доаѓањето на „Камп Ноу“ повредите не му дозволија да ја оправда формата од Лион. Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и ПСВ може да се снајде и како лев напаѓач и тоа е токму позицијата која ја покрива Бергвајн.




Јасно е дека треба повеќе работи да се поклопат да дојде до ваков трансфер. Интересно е што Бергвајн во ПСВ стигна летото 2014 токму како замена за Депај кој после Мундијалот во Бразил премина во Манчестер Јунајтед.