Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта вчера имаше состанок со тренерот Роналд Куман и му искажа доверба.
На состанокот било разговарано и за трансферите за следната сезона, па Лапорта заедно со спортскиот доректор Матеу Алемани се пуштиле во акција за засилување на тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ пренесува дека холандското дуо, Жоржињо Вајналдум и Мемфис Депај се многу блиску до трансфер во Барселона.
На двајцата договорите со Ливерпул односно Лион им завршуваат на крајот на сезоната, па како слободни агенти ќе се преселат на „Камп Ноу“.
Куман одлично ги познава двајцата и сакаше да ги донесе уште минатото лето, а наводно Холанѓаните веќе имаат постигнато комплетен договор со Барселона.