Беше 25-ти декемвири 2005 година кога Манчестер Јунајтед ја плати најголемата сума која некој клуб ја платил за еден одбранбен играч од руската Премиер лига во тоа време.
Тој 25-ти декември еден од најдобрите стопери во историјата на Јунајтед стави потпис со „црвените ѓаволи“ – Немања Видиќ!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сер Алекс Фергусон тогаш после лошото издание во Лигата на шампионите (четврто место во групата со Виљареал, Бенфика и Лил) го доведе најплатениот играч во руската Премиер лигата и ја победи Фиорентина која веќе имаше договорено трансфер.
Не остави веднаш Немања свој печат во екипата на Манчестер Јунајтед, му требаше време да се навикне на новата средина. Почетокот на сезоната 2006-2007 значеше почеток на голема соработка, една од најголемата помеѓу стоперите, онаа на Видиќ и Фердинанд.
Веднаш на почетокот на следната сезона (2007-2008) Видиќ потпиша договор на уште пет години.
Во 2009 година беше избран за најдобар играч на Манчестер Јунајтед во изборот на самите играчи, признание кое има огромно значење за еден играч. Таа година Видиќ доби место и во најдобрите 11 во Европа.
Подоцна стана и капитен на Манчестер Јунајтед…
On Christmas Day in 2005, Manchester United signed Nemanja Vidic.
Born winner ??? pic.twitter.com/T2yKuEYmrO
— B/R Football (@brfootball) December 25, 2018