Веќе со денови секојдневно се пишува за ситуацијата на Меси и сите со нетрпение чекаат Аргентинецот да се огласи.
Меси не тренира со Барселона и со тоа јасно стави до знаење дека не е задоволен и среќен со она што се случува во клубот. Она што пред само еден месец изгледаше како научна фантастика, денес не е така не реално – Меси е пред заминување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговиот татко во средата имаше состанок со претседателот Бартомеу кој изгледа е најголемата причина за нездоволството на Меси. Многу детали во јавноста од тој состанок не излегоа. Но, изгледа дојде денот кога се ќе стане јасно.
?? Atención: Messi emitirá un comunicado en breve sobre su futuro https://t.co/vFF4PXOZLl
— MARCA (@marca) September 4, 2020
Сите најпознатите шпански медиуми во овие моменти почнаа да објавуваат дека Меси ќе се огласи и тоа ќе го направи денес! Беше прашањето на кој начин ќе го направи тоа, дали преку прес-конференција или преку соопштение.
Според она што се најавува Меси донел одлука тоа да биде преку соопштение и тоа ќе биде објавено во наредните неколку часа.
Чекаме…