
Аргентинскиот тенисер, Хуан Мартин Дел Потро се пласираше во полуфиналето на турнирот во Акапулко, бидејќи рано утринава славеше над Доминик Тим со 6:2 и 7:6.
Ова беше четврти меч помеѓу овие двајца тенисери, а Аргентинецот ја запиша и четвртата победа.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Дел Потро за финалето ќе се бори против Германецот, Александар Зверев, кој во четвртфиналето беше подобар од американскиот тенисер, Рајан Харисон со 6:4 и 6:1.
Во второто полуфинале ќе играат пак, Кевин Андерсон и Џаред Доналдсон.