Дома Фудбал Репрезентации Дел Боске: Ако Меси го освои Мундијалот во Катар ќе биде најдобриот играч кој светот некогаш го видел

Дел Боске: Ако Меси го освои Мундијалот во Катар ќе биде најдобриот играч кој светот некогаш го видел

Лионел Меси без дилеми е еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Аргентинецот многу направи во Барселона кадеш то помина 21 година пред минатото лето да го засили ПСЖ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во кариерата Меси седум пати ја освојуваше „Златната топка“, четири пати Лигата на шампионите, десет пати шпанската Примера и многу други трофеи. Дел од јавноста го смета Меси и за најдобар во историјата, Висенте Дел Боске смета дека само уште еден трофеј му недостасува на Меси за да нема конкуренција.

„Ако Лионел Меси го освои Светското првенство со Аргентина оваа година ќе стане најдобар и најголем кој играч кој светот некогаш го видел“, порача Дел Боске.

Светското првенство ќе потсетиме ќе се одржи од 21. ноември до 18. декември 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мурињо на чекор од враќање во Премиер лигата!

Жозе Мурињо неодамна го напушти Фенербахче, по една година во клубот. И во оваа сезона, пр…