Дома Македонски спорт Мак фудбал Дебакл: Младинците на Шкендија примија „осмица“ од Динамо

Дебакл: Младинците на Шкендија примија „осмица“ од Динамо

Младинскиот тим на Шкендија денес доживеа вистински дебакл во рамките од квалификациите од младинската Лига на шампиони против Динамо Киев.

Динамо Киев покажа дека класа ако и не повеќе над врсниците од Шкендија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како и што покажува резултатот Динамо беше надмоќен во секој сегмент и Тетовци можеа да изгубат и со двоцифрена разлика.

Дека ги чека тежок пораз се најави уште после половина час кога Динамо водеше со 3:0, до крајот на полувремето постигнаа уште еден гол за 4:0 после 45 минути игра. Во вториот дел следуваа нови четири гола за конечни 8:0.

Тројца играчи на Динамо постигнаа по два гола, Ванат (2. од пенал и 51), Надолскиј (13 и 41), Волошин (25 и 75), а по еден додадоа Шулијански (56) и Исиаенко (90+6).

Динамо упати дури 25 (16 во рамките од голот) удари кон голот на Шкендија и креираше 71 опасен напад, додека Шкендија имаше 17 напади и само пет удари (ниту еден во рамките од голот).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…