Челзи нема да жали пари за ѕвездата на Наполи, Виктор Осимене, пренесуваат медиумите на Островот.
Осимен оваа сезона не игра на препознатливото ниво, а и односите со клубот се нарушени во последно време, па јасно е дека на лето ќе ја промени средината.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Нигериецот неодамна стави потпис на нов договор, но Наполи потврди дека на лето најверојатно ќе биде продаден.
Таквата ситуација сака да ја искористи Челзи, кој и во летниот преоден рок покажуваше голем интерес за Нигериецот.
Приоритет на „сините“ е доведување на врвен напаѓач и нема да жалаат пари да го доведат Осимен на „Стенфорд Бриџ“.
Челзи сака да ја победи конкуренцијата и е спремен да понуди 110 милиони евра, а главен конкурент за потписот ќе биде тимот на Арсенал.