Дома Фудбал Италија Два меча суспензија за Икарди и Перишиќ!

Два меча суспензија за Икарди и Перишиќ!

Интер во следните два натпревари ќе мора да игра без клучните двајца фудбалери, Мауро Икарди и Иван Перишиќ кои заработија суспензија после мечот со Јувентус.

Перишиќ доби црвен картон во самиот финиш од натпреварот поради приговор, додека Икарди е санкциониран поради обид да го погоди судијата Никола Рицоли после последниот свиреж на дербито со Јувентус.

Останува да се види реакцијата на Интер по ваквите одлуки на надлежните од Италијанскиот сојуз. Раководството на тимот од Милано имаше големи замерки за судењето на Рицоли, а таквите тези беа изнесени и во тамошните спортски медиуми каде главниот судија е обвинет дека при резултат 0:0 не досудил два пенала за „нероазурите“.

Од таборот на Интер соопштија дека ќе го побараат записникот на судијата и потоа ќе одлучат дали да достават жалба.

Икарди и Перишиќ казните ќе ги одработат на мечевите со Емполи и со Болоња во следните две кола од Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…