Дома Фудбал Италија Два италијански клуба го сакаат Станковиќ

Два италијански клуба го сакаат Станковиќ

Црвена Звезда би можела наскоро да остане без тренер, бидејќи два италијански клуба го сакаат Дејан Станковиќ.

Најсилен интерес покажуваат Сампдорија и Удинезе, каде Станковиќ работеше како помошник.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Италијанските медиуми се погласно шпекулираат за враќање на Станковиќ на Апенините после одличната сезона со Црвена Звезда.

Станковиќ е апсолутна легенда во Италија каде играше од 1998 до 2013 година во дресот на Лацио и Интер.

Самостојна тренерска кариера започна во 2019 година во Црвена Звезда, каде веднаш го покажа својот квалитет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Лаурентис ги негираше гласините и рече: Горд сум што до мене стои вистински човек како Конте

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, ги искористи социјалните мрежи за категорич…