Дома Останати Дали Фјури беше „ограбен“? Целиот свет виде дека јас победив!

Дали Фјури беше „ограбен“? Целиот свет виде дека јас победив!

Британскиот боксер Тајсон Фјури не може да се помири со фактот дека не беше прогласен за победник и не го освои шампионскиот појас во ВБЦ тешка категорија.

Во синоќешниот спектакл немаше победник помеѓу Фјури и Дионтеј Вајлдер, бидејќи судиите дадоа израмнет број на бодови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фјури беше пратен на два пати во нокдаун, втор пат во 12-тата рунда, но во останатотовреме го направи беспомошен својот противник и целиот свет ја виде доминацијата во боксерски однос.

Судиите сепак досудија 115-111 за Вајлдер, 114-110 за Фјури и 113-113, а сигурно оваа одлука ќе се дискутира доста долго време.

„Целиот свет знае, целиот свет виде дека морав да бидам прогласен за победник. Ова момче има страшни удари, но јас успеав да ги избегнам речиси сите. Се надевам дека ве направив сите горди од она што го видовте во оваа битка. Тој никогаш немаше да ме нокаутира, бидејќи јас играв со сето свое срце во рингот. Колку и пати да ме испратеше на подот, јас повторно ќе станев. Дојдов да победам оваа вечер, изјави Фјури по мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пол и Тајсон заработија суспензии по борбата!

Џејк Пол и Мајк Тајсон официјално беа суспендирани од боксот по нивната голема борба на Не…