
Ливерпул во наредните денови треба да добие големо засилување, откако играчот кој го сака “половина Европа”, им кажа „да“ на „црвените“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Британските медиуми дури ги открија и трошоците што Редсите ќе треба да ги платат за да го добијат играчот за кој се тврди дека е најдоброто откритие на Ред Бул уште од Ерлинг Халанд.
Секако, станува збор за Јан Диоманде, крилен напаѓач кој има 19 години и постигна седум голови, додаде и четири асистенции во 16 настапи оваа сезона за РБ Лајпциг.
Диоманде стигна во Германија од Леганес за 20 милиони евра и брзо стана еден од најбараните млади играчи во светот на фудбалот.