Дома Фудбал Дали таткото на Халанд случајно откри зошто неговиот син не потпиша за Јунајтед?

Дали таткото на Халанд случајно откри зошто неговиот син не потпиша за Јунајтед?

Mладиот норвешки фудбалер Ерлинг Халанд во зимскиот преоден рок премина во Борусија Дортмунд и тоа е клубот кој навистина сакал да го доведе, односно каде што го сакале и тренерот и управата тврди таткото на фудбалер, Алф Инге.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Борусија победи во трката и во јануари потпиша со Халанд кој со „милионерите“ потпиша договор на четири ипол години.

Покрај Борусија и Манчестер Јунајтед беше блиску до ангажман на Халанд, сепак на крајот тимот на Солскјер извиси.

„Никогаш не можете да знаете како ќе изгледало ако сте постапеле поинаку. Можеби би било исто вака. Тој одговор нема никогаш да го добиеме. Но, ние сме задоволни од изборот кој го направи“, изјави Инге, а потоа можеби и ја откри причината зошто не завршил на „Олд Трафорд“.

„Секогаш треба да отидете во клубот каде што сите ќе ве сакаат, не само тренерот, туку и управата. Тоа е најважната работа“, посочи таткото на младиот фудбалер.

Халанд во дресот на Борусија на 11 натпревари за Борусија постигна 12 голови и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид му нуди 23-годишен играч за врска на Манчестер Сити

Фокусот на Реал Мадрид целосно се пренасочи кон заминувања во последниве недели и клубот р…