Селекторот на националниот тим на Полска се најде на удар на јавноста во оваа земја.
Матеј Шчесни, таткото на голманот на Јувентус и националниот тим на Полска го стави во непријатна ситуација селекторот на репрезентацијата, Јиржи Бженчек.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Мачеј пред натпреварот со Летонија зборуваше за чудната ситуација во која некои играчи играат во првиот тим на репрезентацијата, додека истите тие не играат во своите клубови.
Станува збор за Аркадиуш Реца кој ова лето направи трансфер од Висла Плок во италијанска Аталанта каде што досега собра само 18 минути во Серија А на два настапи.
„Видов интересен твит (пред натпреварот) каде што пишува дека Висла ќе добие 500.000 евра ако Реца забележи пет натпревари за репрезентацијата. Со оглед на тоа деке селекторот Бжченек ја водеше Висла тука постои основа за сомневање бидејќи Реца не игра во својот тим, а во репрезентацијата е во првиот тим. Очекувам од надлежните институции, но и од самиот селектор да ја отстранат оваа дамка од името на нашата селекција“, изјави таткото Шчесни.
Селекторот на националниот тим потоа се огласи и демантираше дека знае нешто за било каква клазула во договорот на Реца.
„Тоа е мислење само на господинот Шчесни и секако има право на такво нешто. Јас не следам било какви клазули во договорите на моите играчи, се водам само според тоа колку можат да бидат употребливи на теренот. Ми требаше играч кој ќе игра на левата страна и кој подобро се служи со левата нога, затоа се одлучив за Реца“, изјави селекторот после победата од 2:0 над Летонија.
Инаку, Полска е во нашата група и оваа селекција ќе ја гледаме во Скопје во наредната репрезентативна пауза.