Дома Фудбал Лига на шампиони Дали Перез знае со кого ќе игра Реал во полуфинале?

Дали Перез знае со кого ќе игра Реал во полуфинале?

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез денес даде изјава која предизвика големо внимание во фудбалската јавност.

Имено, Перез знае со кого ќе играт „кралевите“ во полуфиналето од ЛШ, а притоа посакува финале со Барселона во Лигата на шампиони.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Дали сакаме да играме против Барселона во финалето оваа сезона? За почеток, важно е да стигнеме таму. Секако дека е можно, но прво ќе се сретнеме со Баерн бидејќи секогаш играме со нив. Доколку се пласираме во финалето и за трофејот се бориме со Барселона јас ќе се сетам на нашите победи во Суперкупот на Шпанија. Беше 3:1 на гости и 2:0 на нашиот стадион. Сепак, ние најпрвин мора да го елиминираме Јувентус“, изјави Перез.

Реал Мадрид и Баен до сега се сретнале рекордни 24 пати во Лигата на шампиони, а дури 6 пати играле во полуфиналето на најелитното натпреварување во Европа

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…