Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез беше многу отворен кон медиумите по вчерашната пресконференција на која беше претставен Зинедин Зидан.
Францускиот стратег се врати во Мадрид по девет месеци пауза, а по официјалното претставување, новинарите имаа голем број на прашања за Перез. Се разбира, неизбежно беше она за Килијан Мбапе. Перез даде многу интересен одговор.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Зидан е Французин, па тој би можел да направи нешто околу Мбапе, зарем не? Сега сакаме да ја завршиме сезоната на најдобар начин и да се подготвиме за следната“.
По тоа, следуваше прашање за тоа дали клубот ќе го доведе Нејмар, а на Перез тие шпекулации веројатно му здодеале па одговори на хумористичен начин: „Ќе ги донесеме и двајцата“.