Дома Топ вести Дали ова е најдобриот доказ дека Гризман на лето се сели во Барселона?

Дали ова е најдобриот доказ дека Гризман на лето се сели во Барселона?

Според се Антоан Гризман од лето ќе го облече дресот на Барселона.

Гризман беше голема желба на Манчестер Јунајтед, но желбата на Французинот очигледно е каталонскиот гигант. Претходно беше објавено дека Гризман го прифатил трансферот во Барселона по завршувањето на сезоната, иако сега се уште не е ништо потврдено од двете страни, еден детал не наведува на тоа да мислиме дека Французинот се сели на „Ноу Камп“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Одличниот напаѓач оваа сезона постигна 23 погодоци и во овој момент е еден од најубиствените напаѓачи на светот, во неговиот договор со Атлетико Мадрид постои откупна клазула и истата наводно Барселона е спремна да ја плати.

Во 192 настапи за Атлетико Гризман постигна 99 голови и затоа навистина не е потребно да се трошат зборови на опишување на неговите квалитети.

Дека приказната за Барселона не е само медиумска шпекулација и измислица покажува веста за сопругата на Гризман Ерика Чопрена која посетила агенција за недвижности во Барселона.

Ерика доставила барање до агенцијата и сега чека да и понудат адекватен смештај. Според се многу веројатно е дека Гризман наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…