Дома Актуелно Дали ова е доказ дека Ракитиќ заминува до крајот на денот?

Дали ова е доказ дека Ракитиќ заминува до крајот на денот?

Селектот на Хрватска, Иван Делиќ не го повика Иван Ракитиќ во репрезентацијата поради „нерешени односи со клубот“.

„Разговарав со Ракитиќ. Ја нема решено својата ситуација со клубот, не е фокусиран и затоа нема да дојде“, изјави Делиќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракитиќ летово беше понуден во ПСЖ како дел од трансферот на Нејмар, а медиумите пишуваа и за евентуална трампа со Емре Чан од Јувентус.

Јасно е дека Барселона го стави Ракитиќ на трансфер листа и дека Хрватот оваа сезона нема да има голема минутажа.

Денешното издание на „Мундо Депортиво“ излезе со наслов: „Последен ден да се реши иднината на Ракитиќ“.

Сето ова укажува на фактот дека плејмејкерот може да направи трансфер до крајот на денот, но во моментов нема конкретни најави за такво нешто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Шкендија потврди: Утрешното дерби во Тетово ќе се игра и со гостински навивачи

За разлика од последните натпревари, екипата на Шкендија соопшти дека ќе дозволи присуство…