Дома Топ вести Дали е птица, дали е авион? Не, тоа е повторно летечкиот супер Серхио!

Дали е птица, дали е авион? Не, тоа е повторно летечкиот супер Серхио!

Само неколку дена откако ги уништи слатките соништа на фудбалерите на Наполи, Серхио Рамос повторно го направи „тоа“. Овој пат со Бетис, кога никој друг немаше доволно концентрација, сила и прецизност за победнички погодок, тој ја реши работата за 2:1.

Не беше ситуацијата „90-та и Рамос“, онака како што најмногу сака стоперот, но беше блиску до тоа. А го направи онака како што најдобро знае – од прекин, бегајќи им на сите чувари од видеокругот, за со неверојатен скок и удар со глава да ја смести топката во мрежата од Бетис.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сврти „Р“ за победа!

Така го прослави победничкиот гол оваа сезона Серхио Рамос. Со прстите првин гестикулираше вртење на телефон, а потоа и кревање на слушалка, порачувајќи дека секогаш ќе биде тука за Реал, за да „измисли“ гол кога е тоа најважно. Официјалната статистика од последните 23 погодоци на Рамос вели дека дури 19 биле во ситуација кога Реал губел или  му бил потребен гол за победа.

А на Кралевите, после новиот кикс на Барса и тмурното издание во поголемиот дел од натпреварот против Бетис, им беше потребно чудо за да извадат позитивен резултат. И токму тоа и се случи, во режија на најголемиот победник на денешниот фудбал.

Во моментите кога преполните трибини од Сантјаго Бернабе на големо ги исвиркуваа своите миленици од теренот, поради тоа што се мачеа во играта против Бетис, Рамос се појави од нигде никаде и го постигна својот десетти гол оваа сезона. Односно, осми со глава во Примера, по што е апсолутно пред сите во целата шпанска лига.

Бетис одлично го почна натпреварот и веќе во 25-та минута стигна до погодок. Иако во прв момент се чинеше дека детето од Барса, Тони Санабрија, го матираше Навас, на крајот испадна дека чуварот на мрежата од Рела си постигна автогол.

Без суспендираниот Герет Бејл и со Карим Бензема на клупа, а во нападот со тандемот Роналдо-Мората, делуваше дека Зидан е убеден во брз пресврт, но челникот на клупата од Реал очигледно се измами во тоа. Дефанзивната линија на Бетис ги заклучи сите премини кон својот гол. Бетис изгледаше како тим кој е спремен да земе барем еден бод на гости кај шпанскиот великан.

Но, во самиот финиш на првото полувреме, Кристијано Роналдо ја искористи одличната асистенција од Марсело и ја погоди целта. Ни тој погодок не ги поколеба Бетис да продолжат да пружаат одлича игра до крајот на мечот.

Роналдо можеше и во 72-ра минута со голот да стане најдобар стрелец во историјата на Реал на Сантјаго Бернабе, но изгледаше дека голот беше неправедно поништен. А беше прекрасен гол.

Дури и кога Серхио Рамос ја заби топката во небранетиот дел од мрежата, Санабрија во последните секунди од натпреварот имаше шанса да прерасне во апсолутен херој за гостите од Андалузија. Сепак, Навас со спектакуларна интервенција го спречи изненадувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…