Дома Фудбал Англија Дали до крајот на сезоната Манчестер Јунајтед може да ја оствари својата цел?

Дали до крајот на сезоната Манчестер Јунајтед може да ја оствари својата цел?

На Манчестер Јунајтед му се потребни пет победи во последните шест натпревари, доколку сака да заврши меѓу првите четири екипи на табелата.

Јунајтед во моментов е на петтото место со 61. освоен бод, но и со натпревар повеќе во однос на Арсенал, Тотенхем, Челзи…


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


„Претходно ни беа потребни 15 бода од седум натпревари, но по поразот од Вулверхемптон, сега ни се потребни 15 од шест. Ќе биде тешко, но имаме квалитетна екипа и знаеме што не очекува“, изјави тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Солскјер одлично го води Манчестер Јунајтед од неговото доаѓање на 19. декември освои 35 бода што го става на првото место на табелата во Премиер лигата од тој датум. Се разбира, овие резултати на Норвежанецот не поминаа незабележано и покрај тоа што првично беше донесен како привремено решение, доби нов договор со „Црвените ѓаволи“ и на клупата на овој тим ќе седи до 2022. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид за Мбапе побарал помош од Зидан

Реал Мадрид се соочува со многу проблеми оваа сезона, но најмногу се истакнува ситуацијата…