Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дали голот на Аргентина за 3:2 требаше да биде поништен?

Дали голот на Аргентина за 3:2 требаше да биде поништен?

Еден ден по вчерашното финале на Светското првенство во кое Аргентина славеше победа по изведувањето на пенали откако по 120 минути фудбал резултатот беше 3:3 Французите се жалат дека третиот гол на Аргентинците требало да биде поништен.

Италијанецот, Пјерлуиџи Колина истакна пофалби за судењето на Полјакот Симон Марчињак, сепак „Л’Eкип“ пишува за голем пропуст на полскиот арбитар. Според познатиот весник голот на Меси за 3:2 требало да биде поништен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, тие потенцираат дека двајца фудбалери на Аргентина тргнале предвреме да се радуваат и влегле на теренот пред голот да биде постигнат.

„Л’Eкип“ додава дека и покрај тоа што двајцата фудбалери не влијаеле на играта, правилата си се правила и во таква ситуација се суди индиректен удар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…