Хрватска денеска ќе ги започне подготовките за дуелот во Лигата на нациите против Англија во петок и за пријателскиот натпревар против Јордан.
На Златко Далиќ нема да му биде ниту малку лесно со оглед на тоа што голем број на играчи кои ќе дојдат денеска на собирот имаат проблеми со повредите. Англија сигурно ќе ја пропуштат Борна Баришиќ, како и Марсело Брозовиќ, додека под знак прашалник е Шиме Врсаљко.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Поради проблеми со коленото под знак прашалник е и голанот Ловре Калиниќ, а Далиќ призна дека одличниот напаѓач на Јувентус, Марио Манџукиќ многу би значел за репрезентацијата на Хрватска за следните натпревар.
„Манџукиќ многу би ни значел, но тоа е на него. Можеби, откако ќе се одмори некое време, повторно ќе сака да се врати. Тој е добредојден“, истакна Далиќ.