Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва на свој терен го победија Арсенал со 3:0 во заостанатиот натпревар од 28. коло во Премиер лигата.
Англиската Премиер лига конечно продолжи денес после три месеци пауза, а вечерва можевме да го гледаме дербито помеѓу Арсенал и Манчестер Сити.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Арсенал работите тргнаа на лошо кога после 24 минути мораа да прават две измени. Прво се повреди Џака, а потоа и Мари. На местото на Мари влезе Давид Луиз и тоа се покажа како „клучно„ за натпреварот.
Луиз прво направи катастрофална грешка по која Стерлинг постигна гол во финишот од првото полувреме. Потоа на стартот од вториот дел го фаулираше Марез во шеснаесетникот и заработи црвен картон. За само 25 минути поминати на теренот беше виновник за два гола.
До крајот Сити во 92. минута постигна уште еден гол, конечните 3:0 ги постави Фоден.