Татјана Гуцу, олимписката шампионка во гимнастички повеќебој од 1992 година, преку емотивен пост на „Фејсбук“ го обвини еден од најуспешните гимнастичари во историјата, Виталиј Шчербо, дека ја силувал на ДТБ-купот во Штутгарт во 1991 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„По 27 години, сега сум храбра. Благодарност до Татјана Торопова, која ја сметав за моја пријателка, што не беше храбра за мене кога ми беше најпотребно и што не се бореше за женските права. Ти беше таму и не направи ништо. Рустам Шарипов, тебе ти благодарам што го штитеше својот пријател од мене, 15-годишно девојче. Ѕверот што ме држеше во мојот затвор толку години. Виталиј Шчербо. Сега сум посилна од кога било. Ова е мојата пепелашка приказна. Јас преживеав и сега ќе застанам зад сите на кои им е потребно“, напиша Украинката Гуцу.
Шчербо е еден од најуспешните гимнастичари во историјата. На Олимпијадата во 1992 година во Барселона тој освои шест злата, од кои четири во една вечер. Белорусинот исто така е единствениот гимнастичар што освоил светска титула во сите осум гимнастичарски дисциплини. Исто како и Гуцу, и тој сега живее во САД.