Легендата на Реал Мадрид Хозе Марија Гутиерез ужива да ја гледа Барселона во проблемите со кои се соочува.
Каталонскиот гигант реди тешки порази под водство на Роналд Куман за кого на големо се најавува отказ. Тешката ситуација во ривалот го радува Гути. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид порача дека би прифатил да седне на клупата на Каталонците, но и додаде дека ужива да ги гледа во поразите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Барселона е во една комплицирана ситуација, отказ за Куман скапо ќе ги чини. Ако дојде Чави и тимот почне да игра како што играше во минатото би било чудесно. Тој има ДНК на Барса, но сметам дека не е вистински момент да се врати во Барселона. Јас во Барселона? Зошто да не? Слободен сум и сакам да покажам дека имам квалитет“
Сепак, неколку часа подоцна кога почнаа да му стигнаат реакции на оваа изјава, Гути го промени мислењето.
„Сите ме прашувате за Барселона. Зошто тоа го кажав? Не знаев веќе што да кажам и дадов таков одговор. Како Реаловец секогаш уживам да ја гледам Барселона како губи. Никоигаш не би отишол таму, затоа што веќе имаат доволен хаос“, се поправи Гути.