Фудбалерите на Реал Мадрид вчера беа поразени со 3:2 на гостувањето кај Рајо Ваљекано и ја загубија лидерската позиција во домашниот шампионат, Барселона сега е на првото место, а Реал заостанува два бода.
Еден од легендарните играчи на Реал Мадрид е Гути, кој помина четиринаесет години во првиот тим на овој клуб испрати критики по оваа средба. Во вчерашниот пораз не настапи Бензема кој ги пропушти и претходните два натпревари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред дваесетина дена беше објавено дека Бензема има мускулен проблем и дека сака да одмори да биде максимално подготвен за Светското првенство.
Гути не сакаше да молчи и според него Бензема не смее така да поставува, за примери ги посочи станатите фудбалери кои ги чека Мундијалот, а играат за своите клубови.
“Не го разбирам Бензема. Меси игра за ПСЖ, Левандовски игра за Барселона. Многу други играчи играат за нивните клубови. Мора да го прифатите ризикот дека може да се повредите пред Светското првенство. Ако не го направите тоа, тогаш го изневерувате вашиот клуб“, изјави Гути за шпанските медиуми.
Освен тоа, на поранешниот капитен на Реал Мадрид не му е јасно зошто неговиот поранешен клуб не донесе замена за Бензема на почетокот на сезоната.
„Сите знаевме дека има шанси да дојде до ваква ситуација Не знам, не разбирам зошто не донесоа замена за него“, рече Гути.
Бензема ја освои Златната топка, што значи дека е најдобриот играч на светот, а јасно е дека неговото отсуство многу се чувствува.