Дома Трансфер зона Гундоган се врати во Манчестер, па засилувањето од 60 милиони евра сега е вишок

Гундоган се врати во Манчестер, па засилувањето од 60 милиони евра сега е вишок

Илкај Гундоган се врати во Манчестер Сити, а изгледа дека тоа значи дозвола за заминување на Матус Нуњеш.

Португалецот минатото лето пристигна токму како замена за Гундоган кој како слободен играч се пресели во Барселона и сега кога се врати е вишок.


Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


Португалецот не се снајде најдобро во системот на Пеп и во главно влегуваше од клупата и играше куп натпревари, па не е неочекувано што е на трансфер листата.
Сити го плати 60 милиони евра, но сега ако го продава тоа ќе мора да биде за многу пониска цена.

Во медиумите се споменуваше дека Диего Симеоне со задоволство би го довел на позајмица до следното лето, меѓутоа Атлетико прво мора да се ослободи од некои играчи како што е Томас Лемар.

Нуњеш играше за Спортинг и во Вулвс пристигна летото 2022 година за 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн ќе се откаже од еден од најголемите германски таленти за да го доведе Вирц?

Според последните информации од Германија, Баерн Минхен напорно работи за во своите редови…