Дома Топ вести Гундоган: Се вратив во најдобриот клуб во светот!

Гундоган: Се вратив во најдобриот клуб во светот!

Манчестер Сити по само една година го врати во своите редови Илкај Гундоган.

Гундоган помина една сезон во дресот на Барселона, а сега се враќа на „Етихад“ каде што повторно би можел да биде еден од поважните фудбалери во тимот на Пеп Гвардиола.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Фудбалерот од средниот ред не го криеше задоволството по враќањето во клубот.

„Навистина сум среќен што повторно ги гледам соиграчите, персоналот и луѓето со кои поминав повеќе од седум успешни години. Кога сте на друго место подолго време како што јас бев една година уште повеќе го цените клубот. Се вратив во најдобриот клуб во светот“, изјави Гундоган.

Во редовите на Манчестер Сити, Гундоган се враќа како слободен играч откако го раскина договорот со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид фаворит за потписот на Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…