Дома Фудбал Грчки медиуми: Се уште не е јасно како починал Болдок. Се прегледуваат надзорните камери

Грчки медиуми: Се уште не е јасно како починал Болдок. Се прегледуваат надзорните камери

Фудбалерот на Панатинаикос и на грчката репрезентација Џорџ Балдок (31) вечерва бил пронајден мртов во базенот во својот дом во Атина, јавуваат грчките медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Балдок е пронајден под вода и немало начин да се спаси, пишуваат грчките медиуми, а деталите за трагедијата се уште не се познати.

Сепак, некои од нив почнаа да излегуваат во јавност.

Имено, локални фотографи подигнале дрон за да го фотографираат местото на несреќата, а на него, покрај базенот во кој се удавил Болдок, снимиле и маса со две шишиња.

Грчките медиуми пишуваат дека едното шише е дефинитивно шише со вотка, а другото шише со вода или тоник. Во секој случај, засега нема информации дали Болдок бил во алкохолизирана состојба пред да се удави.

Нема информации дали е сигурно дека се удавил. Снимките од надзорните камери се прегледуваат за да се утврди дали Болдок бил сам кога настапила смртта. На телото немало повреди, па првата претпоставка е дека се удавил, но повеќе детали ќе се знаат по обдукцијата и токсиколошките наоди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед започнува преговори за Чуамени за неколку дена

Орелијан Чуамени станува главна цел за средниот ред на Манчестер Јунајтед, тврди шпанскиот…