Дома Фудбал Репрезентации Грција има нов селектор: Со Србина на клупата ќе оди по пласман на СП 2026

Грција има нов селектор: Со Србина на клупата ќе оди по пласман на СП 2026

Поранешниот стратег на Панатинаикос, Иван Јовановиќ е назначен за селектор на грчката репрезентација во квалификациите за СП 2026 година.

Оваа информација ја потврди грчкиот портал „Спорт ФМ“, наведувајќи дека Јовановиќ постигнал договор со Грчкиот фудбалски сојуз и дека по изборите во асоцијацијата на 22 јули ќе потпише двегодишен договор.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


На клупата на Грција тој ќе го замени Густаво Појет кој не успеа да ја одведе селекцијата на Европското првенство, додека првиот меч ќе го има против Финска на 7 септември во Лигата на нации.

Главна задача на Јовановиќ ќе биде да се пласира на Светското првенство во 2026 година, на кое Грција не учествува од 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Зошто на Светското клупско првенство не играат: Ливерпул, Барселона, Наполи, Арсенал, Милан…?

Многумина во Европа, збуни кои тимови ќе учествуваат на историското Светско првенство за к…