Дома Македонски спорт Грузија не беше закана: Одбојкарите со блескаво издание до прва победа во квалификациите

Грузија не беше закана: Одбојкарите со блескаво издание до прва победа во квалификациите

Македонската одбојкарска репрезентација забележа убедлива победа од 3:0 во сетови против Грузија на стартот од квалификациите за Европското првенство во 2026.

Од самиот почеток македонските одбојкари наметнаа одлична игра и првиот сет избраниците на Хари Наковски го добија со 25:12. Сличен беше и вториот сет во кој на Грузијците им дозволивме два поени повеќе.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Не пронајдоа решение грузиските одбојкари за нашата игра и во третиот сет во кој им дозволивме 18 поени (25:18) за конечни 3:0.

Во следното коло Македонија ја очекува натпревар против Грција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ИХФ ги одреди термините во кои ќе игра Македонија на Светското првенство

Светското ракометно првенство кое следи во машка конкуренција ќе се игра во Хрватска, Норв…