Играчот за врска на Астон Вила, Џек Грилиш е трансфер цел број еден на Манчестер Јунајтед ова лето, пренесуваат медиумите на Островот.
На „Олд Трафорд“ се надеваат дека ќе можат да го донесат англискиот репрезентативец за 50 милиони фунти, доколку клубот од Бирмингем испадне од Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во спротивен случај Астон Вила за слободата на Грилиш ќе бара помеѓу 70 и 80 милиони фунти, но Јунајтед е спремен да преговара.
После доаѓањето на Бруно Фернандеш во јануари, Солскјер смета да го комплетира средниот ред со Грилиш и го поставил Англичанецот како приоритет.
Последните информации од Островот се дека Грилиш веќе нашол куќа во Манчестер и е многу блиску до преселба на „Олд Трафорд“.
Jack Grealish has told close friends that he has found a new house in Manchester which suggests he is very close to a move to Manchester United. [Express] pic.twitter.com/FTWaIEDv2N
— Transfer News (@TransfersLlVE) June 29, 2020