Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман призна дека трансферната забрана на „јорганџиите“ била клична за неговата одлука да остане во клубот ова лето.
„Останав во Атлетико најмногу поради забраната. Сега Атлетико има потреба од мене повеќе од било кога. Почувствува дека треба да останам, бидејќи ќе беше подло од мене да заминам сега“, изјави Гризман.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не е вистина дека му се јавив на Мурињо. Тоа беше моја одлука, го информирав клубот и толку. Зборував со Симеоне за ситуацијата, потоа зборував и со претседателот и донесов олдука. Имам голема почит кон Атлетико кој ми даде многу“, додаде Французинот.
Не е тајна дека Гризман имаше договор со Манчестер Јунајтед кој беше спремен да ја плати откупната клаузула, но потоа ја промени одлуката и реши да остане во Атлетико.